Од ЈОСРМ информираат дека по спроведена истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека двајцата обвинети соизвршители на 31.12.2021 година од непознати лица од населбата Драчево во Скопје купиле наркотична дрога, марихуана со намера да ја препродадат во Гостивар. При контрола на наплатната рампа кај Гостивар во нивното возило биле пронајдени 22,94 грама марихуана.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за еден од обвинетите, додека другиот обвинет веќе се наоѓа на издржување на затворска казна за друго кривично дело.






