„Вчера во 11:00 часот во СВР Куманово, 61 – годишна жена од Куманово пријави дека била измамена за сума од 3.233.280 денари. Според пријавеното, преку посредник таа купила и исплатила стан со гаража во изградба од правно лице од Скопје, а рокот за изградба и примопредавање бил во септември 2020 година“, соопшти полицијата.
Според пријавеното, фирмата не го испочитувала рокот, а откако на почетокот на 2025 година добила известување од извршител дека доверител на купениот стан е банка во стечај, сфатила дека е измамена, соопшти полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.






