понеделник, 15 декември 2025

Кумановец загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, соопштија денеска од СВР Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

„Во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, Кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот е во тек“, информираат од кумановската полиција.

Од Итна помош кажаа дека нивна екипа излегла на терен.

„Наша екипа веднаш излезе на терен и лекарот констатирал смрт, изјави д-р Бленд Алии“, началник на Итна помош Куманово.

Сообраќајот на овој патен правец е затворен поради увидот од страна на полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ