Денеска во 04:15 часот на автопатот Пријателство, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово, информираше полицијата.
При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило фиат браво со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал кумановецот и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал четири лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.
„Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во транзитниот центар Табановце и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.






