петок, 6 март 2026

Кумановец пукал во возење, полицијата го најде и го уапси

Вчера наутро, полициски службеници од СВР Куманово – Полициско одделене Матејче го лишија од слобода А.М. од село Отља, липковско. Тој се сомничи дека 15 минути по полноќ од село Ропаљце кон село Никуштак, липковско, од возило џип во кое се превезувал со уште неколку лица, испукал неколку куршуми кон возило опел омега сои кумановски регистарски ознаки, во кое биле Е.Ш. и Х.А.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Повредени лица нема и на возилото нема траги од куршуми, додека на местото се пронајдени три чаури.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ