Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на криптовалута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во криптоменувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат криптосредства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил криптосредствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Кумановец измамен за 43.750 евра во криптовалута
На 26 февруари во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра.

ТОП ВЕСТИ





