Според пријавеното, лицата го контактирале на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои пријавителот бил заинтересиран да ги купи. Како што е пријавено, откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на „каса прими“ на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините, тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка. Исто така, според пријавеното, истите машини ги видел пуштени на оглас за продажба, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






