петок, 9 мај 2025

Кумановец и жител на Крива Паланка вознемирувале девојка и жена во одделни случаи

Кумановец и жител на Крива Паланка вознемирувале девојка и жена во одделни случаи, соопшти денеска СВР Куманово. Полицијата постапувала откако девојката и жената ги пријавиле насилниците.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 12:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К. од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел и вознемирувал 27-годишна девојка од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Синоќа во 23:15 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.К. од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел и вознемирувал 44-годишна жена.

И двајцата биле приведени и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ