Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025 година, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да му ги даде на рака веднаш, а сметката за извршената уплата да ѝ биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.






