недела, 13 јули 2025

Крвава пресметка во Чаир, има тројца повредени, меѓу нив 14-годишно момче

Тепачка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, Скопје резултираше со тројца повредени, од кои еден има 14 години, друг 18 години а третиот 64 години. Инцидентот се случи, како што велат од МВР, по претходно недоразбирање. Сите тројца се пренесени во болница.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што потврди МВР, денеска десетина минути пред 20 часот било пријавено дека на крстосница меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање, физички се пресметале 14-годишник и С.Р.(64) и Б.С.(18), сите од Скопје. Во пресметката тие употребиле ножеви и сите тројца се повредени.

Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и кон Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Засега не се објавени детали за сериозноста на повредите, ниту се познати причините за пресметката. Повеќе детали се најавени за утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ