Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода.
Додека, по извршени проверки било констатирано дека тој бил баран со наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело по член 392 став 2 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.