четврток, 22 мај 2025

Кривични пријави за напад на службени лица на осуденици во затворите во Штип и Идризово

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.Ж.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Објавено на

часот

Сподели

На 19.03.2025 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, три службени лица од установата го затекнале пријавениот со мобилен телефон, кој по усната наредба да го предаде телефонот, упатувал закани кон тројцата, а на еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.М.(39) и Т.С.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.01.2025 во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавениот В.М. нападнал затворски полицаец додека извршувал службени дејствија. Додека, на 15.02.2025 во Затворот Идризово, пријавениот Т.С. нападнал вработен во установата, додека извршувал работни задачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ