недела, 13 јули 2025
Меѓу нив е и директорот кој во 2020 година формирал депонија

Кривични пријави за лицата кои со камиони на Комуналец фрлаа ѓубре на дива депонија во Кичево

Кривична пријава доби директорот на Јавното комунално претпријатие Комуналец во Кичево, затоа што од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата. Како што соопштија од МВР, тој формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Кривична добиле и четворица вработени во ова претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од село Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек несовесно работење во службата по член 353-в став 1 и загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, по член 230 став 1 и ст.5 и против Б.Б.(49) од село Грешница, кичевско, С.А.(49) од Кичево, Д.Ј.(56) од Кичево и Ф.Т.(62) од Кичево поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпадни материи по член 230 став 4“, соопштија од МВР.

Како што потенцираат, З.Ј. постапил спротивно и на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина затоа што депонија ја формирал на државно земјиште во населениот дел на Кичево без одлука на Советот на општина Кичево, без градежна дозвола и без да поседува Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина.

Ваквата состојба била констатирана со Записник за извршен инспекциски надзор на Државен инспекторат за животна средина.

Од МВР потенцираат дека на 4 јуни оваа година во дивата депонија, полициски службеници ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП Комуналец, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ