понеделник, 15 декември 2025

Кривични пријави за инвеститори и градежен инспектор во Тетово за бесправно градење

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово и А.З.(49) од с.Порој, сопственик и управител на правниот субјект, како и против правен субјект од Тетово и Е.Б.(32), управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против Г.Г.(49) од с.Голема Речица, Тетовско, вработен во општина Тетово, во Одделение за градежна инспекција поради постоење основи на сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на 2024 година двата правни субјекта од Тетово и нивните управители А.З. и Е.Б, во својство на инвеститори за изградба на станбено-деловен објект за продажба, постапиле спротивно на одобрение за градба издадено од Oпштина Тетово за градење станбен и деловен објект-А2 на катастарски парцели на КО Тетово, додека Г.Г., во својство на раководител во Одделението за градежна инспекција во општина Тетово, извршил инспекциски надзор и не утврдил недостатоци при изградбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ