„На 12 мај 2025 година, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило мерцедес во кое како сопатник била пријавената, при што кај неа бил пронајден и одземен хероин“, информираше МВР.
Во вториот случај кочанската полиција поднесе кривична пријава против М.Е. осомничен за поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
„На 4 март 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми и марихуана“, соопшти МВР.






