Според информациите од полицијата, на 3 февруари 2026 година, на пат во близина на Битола и во самиот град, пријавените организирале ненајавен собир, при што со поголема група граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.
Истиот ден, во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, додека четвртопријавениот го снимал настанот со мобилен телефон.






