недела, 14 декември 2025

Кривични пријави за битолчаните кои му одземаа маица со двоглав орел на Албанец од Шведска

СВР Битола ги идентификуваше петтемина битолчани и изврши службени разговори со нив кои на 28 август годинава му одземаа маица на албански турист од Шведска, со престој во Дебар, соопшти денеска МВР.

 

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР станува збор за четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото.

„На 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д. од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица Широк сокак во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата  откако увидел дека не може да се одбрани. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ