понеделник, 2 февруари 2026

Кривични пријави во Радовиш и Дебар за бесправно градење

СВР Струмица- ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и Ж.А. (64) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „бесправно градење“ и против Љ.Е. (55) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Објавено на

часот

Сподели

Правното лице и второпријавениот како одговорно лице во текот на 2024 на катастарска парцела започнале градба на станбена зграда за домување, без соодветно одобрение. Третопријавениот во својство на надзорен инжинер вршел надзор над објектот и покрај тоа што знаел дека не поседува издадено одобрение за градење, а притоа извршил незаконска наплата по претходно доставена фактура за извршен надзор со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во висина од 136.214 денари.

Исто така и ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ш.Д.(62) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на дел од катастарска парцела во месноста „Бадеми“ во државна сопственост, без одобрение и неовластено поставил помошен објект, со што постапил спротивно на Законот за градење и се стекнал со противправна имотна корист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ