сабота, 12 јули 2025

Кривични пријави во Дебар за узурпација на недвижности

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.К.(58) од с.Ростуше, со живеалиште во с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2024 во населбата Венец во Дебар, пријавениот узурпирал земјиште во државна сопственост на тој начин што на катастарска парцела изградил објект без соодветна дозвола.

Истата, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе и кривична пријава против А.П.(67) од с.Ливада, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Пријавениот узурпирал туѓо земјиште на тој начин што на дел од катастарска парцела во сопственост на правно лице направил објект, односно бетонска подлога без одобрение за градба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ