На 6 април во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода тројцата струмичани , постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В. (59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото. Вчера лицата се изведени пред судија на претходна постапка во судот во Кочани, при што на Р.Ѓ. ѝ е одреден домашен притвор, а на Г.А. и Б.Ч. притвор во траење од 30 дена.






