Триесет и седумгодишниот Д.К. од Пробиштип е осомничен за сторени пет кривични дела тешка кражба и едно кривично дело лажно претставување.
„Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11 до 15 мај во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една, лажно се претставувал на свештено лице како полициски инспектор. По преземени мерки и активности, на 16 мај во 12:30 часот во Свети Николе, тој е лишен од слобода, по што е спроведен во Полициската станица – Пробиштип, каде бил задржан во врска со судска наредба за приведување и спровод во Казнено – поправната установа „Затвор – Струмица“, појаснуваат од МВР.
Во истиот период, расчистено било и кривично дело тешка кражба од црква во Свети Николе, сторена од М.Ј. од овој град. Таа била пронајдена и против неа, како што нагласуваат од МВР, исто така, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Свети Николе.