четврток, 5 март 2026

Кривични пријави против две вработени во Основниот суд Куманово

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против две вработени во Основниот суд Куманово за „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“, соопшти денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Првата вработена поднела барање до судот за издавање потврда од казнена евиденција за друго лице, без согласност, без потпис и без полномошно од лицето. Втората вработена поради невнимание го примила барањето.

СВР Куманово ја поднесе кривична пријава против Д.И.(51) и М.Ќ.(66), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“.

„Првопријавената поднела барање до Основен суд Куманово за издавање потврда од казнена евиденција за друго лице без негова согласност, без негов потпис или издадено полномошно. Второпријавената, самостоен судски референт на приемна писарница во судот, со невнимание и небрежност го примила барањето, не побарала на увид документ за лична идентификација и дозволила заведување и процесирање на барањето. Откако била издадена потврдата, првопријавената ја подигнала и употребила против лицето на чие име е издадена“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ