На 15.07.2025, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува И.Х., а се сопственост на неговиот татко, при што биле пронајдени и одземени пиштол- полуавтоматско огнено оружје „црвена застава М57“ со калибар 7,62x25mm со две рамки куршуми калибар 7,62x25mm, куршуми калибар 7,65mm и две рамки за муниција со вкупно 50 куршуми од муниција со кал.7,62х39mm.
На 19.07.2025, исто така, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А., при што биле пронајдени и одземени пиштол-полуавтоматско огнено оружје „reximex TRX9″ со калибар 9mm, празна рамка за пиштол, рамка за пиштол со 15 куршуми кал.9mm, задна корица за ракофат на пиштол, алатки за чистење на цевка од пиштол, алатка, наменета за полесно полнење на куршуми во рамка од пиштол, два дела со завртка, наменeта за блокирање на чкрапалото од пиштолот, 36 куршуми калибар 9mm и други предмети.
Од страна на судија на претходна постапка, на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.






