среда, 18 март 2026

Кривични пријави против 5 лица за кражба на предмети од културното наследство

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш. (56) од Скопје поради постоење сомневање за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Кривични пријави добија и Д.Н. (51), Н.И. (66) од Скопје, З.А. (42) од Ново Село и В.К. (45) од Свети Николе поради сомневање за помагање на М.Ш.

Објавено на

часот

Сподели

На 1 октомври полициски службеници од ОВР Свети Николе запреле патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Д.Н., а сопатници биле прво, трето, четврто и петтопријавениот. Во возилото се пронајдени предмети кои се под привремена заштита или културно наследство. Исто така, утврдено дека второ, трето, четврто и петтопријавениот со умисла му помогнале на првопријавениот за прикривање на кривичното дело и ставање на располагање возило за извршување на кривичното дело и превоз на предметите кои се добра под привремена заштита или културно добро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ