С.Д., од засега непознати лица од Република Косово, неовластено набавувал огнено оружје и муниција со цел понатамошна продажба, по што нелегално ги пренесувал на територијата на Македонија. Оружјето и муницијата биле неовластено складирани на безбедни локации во селата Сингелиќ и Брест.
Од прибраните докази произлегува дека припадниците на групата имале јасно распределени улоги. Н.С., како еден од организаторите, давал насоки за пронаоѓање потенцијални купувачи и за неовластено посредување во трговијата со огнено оружје и муниција. С.Д. неовластено набавувал муниција и ги координирал активностите за доставување на оружјето до членовите на групата, додека Н.А. го одржувал контактот со првоосомничениот и ја координирал доставата до непосредните купувачи.
Н.Л., покрај неовластено посредување во трговија со оружје, се сомничи дека неовластено продавал и наркотична дрога кокаин, соопшти МВР.






