СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело учество во тепачка.
Според полицијата, пресметката започнала по претходна расправија, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет му нанел тешки телесни повреди на третопријавениот.






