Како што се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција, во период од 01.01.2021 година до 31.12.2024 година, пријавените во 19 постапки за јавни набавки пред 12 јавни и државни институции свесно употребиле 19 лажни исправи – фалсификувани банкарски гаранции за целосно, навремено и квалитетно исполнување на обврските.
„На ваков начин со поднесување на невистинита документација свесно ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавнa набавкa и склучиле 19 договори за јавни набавки, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 56.764.827,00 денари“, наведуваат од Управата за финансиска плиција.






