среда, 24 декември 2025

Кривична за раководител на шумско стопанство од Кичево

Објавено на

часот

Сподели

Тој, на 29.04.2021, во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник” од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица”. Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми” било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на ЈП„Национални шуми”.

Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ