Како што информира МВР, пред една недела првопријавениот од територијата на Грција прифатил 13 мигранти од Египет, од кои шест се деца, по што илегално ги префрлил на територијата на Македонија од каде требале да бидат прифатени од страна на второпријавениот со патничко возило шевролет каптива.
Кривична против Сириец за криумчарење мигранти, меѓу нив и деца
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Х.А.Н.(28) од Сирија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ и против Д.Ј.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.

Објавено на
часот





