Според информацијата, на 22 октомври годинава, во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на улицата „Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот, како ја носи неговата малолетна ќерка да проси, а потоа стоел настрана и ги земал парите од детето.
Лицето, како што е наведено, веднаш било лишено од слобода и поднесена му е пријавата.






