На 16 јули, годинава, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 27 патрони калибар 16, барут со слаб експлозив, 15 иницијални каписли за патрони, машинка за затворање на патрони од ловечка пушка, ремен за патрони и 97 празни патрони за ловечка пушка.
Кривична пријава за жител на Чашка за изработување и набавување оружје
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(58) од Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“.

Објавено на
часот





