Пријавениот, на 07.02.2022 околу 19.15 часот, управувајќи патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски” во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со бул Илинден удрил во патничко возило „киа”, управувано од А.Т.(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило „фиат”, управувано од Д.П.(45) од Скопје.
Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода”, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.






