Тој, на 30.12.2025 година околу 1 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со огнено оружје пиштол пукал кон паркиран автомобил „голф“ и на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, ја принудил да влезе во неговиот автомобил.






