Полициски службеници извршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, амфетамин, средства за провалување и различни предмети кои потекнуваат од тешки кражби, пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски пиштол, автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола. Првопријавениот, со намера да изврши фалсификување на ознаките на автоматските пиштоли со електрична брусилка извршил механички интервенции на двата пиштоли во содејство со второ и третопријавениот со намера да се стекнат со противправна имотна корист.






