Според МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“; против Б.Б.(45) од село Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и против Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
„Во текот на 2024 и 2025 година, првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво со Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Лопушник – Кичево, а потоа на 27.08.2025, врз на основа на договорите, четвртопријавениот Г.П. изготвил испратница во која внел невистинити содржини, а третопријавениот Б.Б. ја искористил како доказ во правниот сообраќај и ги превезувал дрвата со товарно возило „ман“ без да поседува лиценца за вршење јавен превоз. Покрај ова, пријавеното правно лице извршило кражба на дополнителни 852,5 кубни метри огревни дрва, со што е нанесена материјална штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од околу 3.191.760 денари“, информира МВР.






