Како што информира МВР, кривичната пријава е поднесена поради непреземени мерки за безбедност на градилиште, поради што на 12 декември 2024 смртно настрадал 60-годишен вработен (Б.З.)
„Првопријавеното правно лице и второпријавениот – одговорно лице во правното лице, не презеле мерки за безбедност и здравје при работа на работниците, за работни места на градилишта, а како резултат на тоа вработениот Б.З.(60), при вршење градежни активности на 12.12. 2024 паднал и починал на местото на настанот“, соопшти МВР во дневниот билтен.






