Според информациите од полицијата, пријавениот М.М. најпрво се однесувал агресивно кон своите родители, по што сите заедно се упатиле кон домот на неговиот вујко. Таму, по кратка расправија, младиот маж изгубил контрола и физички го нападнал вујко си.
Полицијата брзо интервенирала, а повредениот бил пренесен на лекарски преглед. Од СВР Тетово потврдија дека против М.М. е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста и насилство.
Оттаму најавија дека ќе се испитаат сите околности околу случајот и ќе се преземат соодветни мерки.






