Според полицијата, инцидентот се случил на 12 август 2025 година. Пријавените со патничко возило форд удриле во возило голф, во кое се наоѓале В.Р., Д.П. и М.К. По судирот, двајцата осомничени физички ги нападнале лицата од другото возило, при што употребиле тврд предмет.
Случајот е документиран, а против пријавените е поднесена кривична пријава и следува понатамошна постапка пред надлежните институции.






