„Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица, а по преземени мерки во 15:10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј., по што бил извршен претрес во неговиот дом, од каде бил подигнат доказен материјал. По консултација со јавен обвинител, против Т.Ј. е поднесена кривичната пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, информираа од МВР.
Кривична пријава за скопјанецот кој за 20.000 денари нападна и грабна сограѓанец
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело грабнување. Тој, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, на 8 февруари 2025 година околу 1:30 часот со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б. од Скопје, и физички и со сатар го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите.

Објавено на
часот





