вторник, 24 февруари 2026

Кривична пријава за седуммина учесници во измама при сообраќајка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, Gостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Објавено на

часот

Сподели

На 3 јуни минатата година, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со намера да се стекнат со противправна имотна корист посочиле дека како учесници во истата сообраќајна незгода биле и трето, четврто, петто и шестопријавените, и покрај тоа што тие не биле учесници. Додека, седмопријавениот ги советувал  пријавените како да постапат, односно да се упатат во Клиничка болница Тетово и да се пријават како учесници во сообраќајна незгода со цел да се стекнат со паричен надомест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ