четврток, 24 јули 2025

Кривична пријава за раководителот за урбанизам во Маврово-Ростуше кој побара поткуп

МВР поднесе кривична пријава против Седредин Елезовски раководител на Одделението за урбанизам во Општина Маврово-Ростуше кој побарал поткуп од 13.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, од страна на Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против 63 годишниот Седредин Елезовски од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

„Пријавениот,  раководител на Одделение за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина во општина Маврово и Ростуше, побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. На 19.03.2025 во угостителски објект во Скопје, тој бил фатен при исплата на парите од првата рата, откако биле претходно криминалистичко – технички обработен“, наведуваат од МВР.

Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата, по што бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ