вторник, 23 декември 2025

Кривична пријава за поседување ловџиска пушка и куршуми

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 16.05 часот во селото Ливоишта, охридско, од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид е лишен од слобода Х.Д.(29) од селото поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” казниво по чл.396 од Кривичниот законик затоа што кај него се пронајдени и одземени еден ловен карабин „заводи црвена застава” кал.8×57 мм и 56 куршуми различен калибар“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ