четврток, 22 мај 2025

Кривична пријава за поранешниот директор на кумановската болница поради незаконски вработувања

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената должност и овластување, информираше МВР.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот – како директор на  Јавната здравствена установа Здравствен дом Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос. констатирано од Државен инспекторат за труд. На тие лица, пријавениот незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.594.510 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Здравствен дом Куманово“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ