Според информациите од полицијата, пријавената во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент, свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои ѝ биле доверени во рамки на службените обврски. Таа на менаџерот во Гевгелија му прикажувала дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и дека мобилните уреди ќе им бидат доделени како субвенција за направени активации и обнови.
Истовремено, при месечните пописи во продажниот салон во Гевгелија било свесно прикривано дека недостасува трговска стока, со што, според полицијата, била причинета имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.
По целосно документирање на случајот, поднесена е кривичната пријава до надлежното обвинителство.






