вторник, 30 декември 2025

Кривична пријава за поранешен градоначалник и раководителка во општина Чашка за манипулација со прекувремена работа

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Велес, и М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Објавено на

часот

Сподели

Првопријавениот Г.С., поранешен градоначалник на општина Чашка, во текот на 2021 и 2022 година во повеќе наврати свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако работела со скратено работно време и согласно Законот за работни односи забрането е вршење на прекувремена работа за лице кое работи со скратено работно време. Второпријавената М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Решението за скратено работно време од четири часа поради здравствени причини, прифатила да биде ангажирана, за што и биле исплатени парични средства во износ од 50.109 денари на штета на буџетот на општина Чашка.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ