сабота, 17 мај 2025

Кривична пријава за поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ за нереално евидентирање прекувремена работа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, пријавениот е поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, кој во периодот од 2022 година до август 2024 година „не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа“.

„Не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа. Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП„Колекторски систем“ – Скопје, подрачно одделение Охрид за сума од 2.881.757 денари“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ