Пријавениот Б.Б., на работно место помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, со намера да сокрие и уништи докази за да го отежне докажувањето на кривично дело во постапката поведена против осомничено лице, неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг надлежен орган, со што го спречил, односно отежнал докажувањето на продолжено кривично дело „измама“.
Имено, при лишување од слобода на осомниченото лице и при неговото спроведување до полициска станица не го одзел мобилниот телефон, со што му овозможил да ракува со мобилен телефон, а потоа да го изнесе од полициска станица, со што го направил овој доказ неупотреблив. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.






