Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10 јули 2025 година остварила телефонски комуницирала со човек на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.
„Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“. Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, велат од МВР.






