„Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.. Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски. Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги“, соопшти МВР.
Неофицијално, една од осомничените е поранешната ракометна репрезентативка Валентина Радуловиќ беше потврдена од самата Радуловиќ. Таа на својот фејсбук профил на пиша дека категорично ги отфрла обвинувањата.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пазсоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, напиша Радуловиќ на фејсбук.






