На 9 февруари во Прилеп, пријавените влегле во куќата на Е.И. и со употреба на физичка сила од неа одзеле пари, личен накит и други предмети. На 12 февруари во Прилеп, пријавените ја пресретнале Е.С., и со употреба на физичка сила од неа одзеле паричник со пари, мобилен телефон и други предмети. Додека, на 15 февруари во Прилеп, пријавените со употреба на физичка сила од лице кое управувало велосипед одзеле чанта со пари, мобилни телефони и други предмети.
Кривична пријава за петмина млади прилепчани за разбојништво и тешка кражба
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(20), М.А.(19) и тројца малолетници, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин.

Објавено на
часот





